април 24, 2026

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала, информираа од Обвинителството.

-Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, информираат од Обвинителството.

Безживотно тело на младо женско лице е најдено синоќа помеѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, беше почнат е увидот од страна на полицијата, а на местото беше и јавен обвинител.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK