април 24, 2026

Граѓаните на скопската општина Чаир реагираат дека проблемот со непрописното паркирање излегол од контрола. Досега на тротоарите најчесто се паркираа патнички возила, но според најновите фотографии кои пристигнаа вечерва до редакцијата на 24 Инфо, веќе и шлепери се паркираат на пешачките површини.

Фотографијата е направена на булеварот Христјан Тодоровски Карпош, каде што огромен камион е паркиран покрај дрворедот, зафаќајќи дел од тротоарот и попречувајќи го движењето на пешаците.

Жителите предупредуваат дека ситуацијата станува сè похаотична, особено во вечерните часови, кога голем број возила се оставаат по булеварите без никаква контрола.

Тие бараат интервенција од Општина Чаир и сообраќајната полиција, со цел конечно да се воспостави ред во паркирањето и да се заштитат пешачките површини.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK