април 23, 2026

Португалија не ја искористи првата шанса да го завери пласманот на Светското првенство. Португалците доживеаја шокантен пораз во Даблин од Република Ирска (2:0). Португалците со победа во последната рунда над Ерменија ќе се пласираат на СП, додека на Ирците, за пласман во баражот ќе им биде потребна победа над Унгарија во Будимпешта.

Поразот на Португалија во Даблин, го обележа исклучувањето на Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија, без топка удри противнички играч, па доби црвен картон.

Португалскиот селектор Роберто Мартинез, по натпреварот застана во одбрана на својот капитен Кристијано Роналдо.

„Главната причина зошто Кристијано доби црвен картон е неговата огромна страст и фрустрација кога не победува, а тоа го сакаме од сите играчи. Исто така, многу е тешко за централен напаѓач во шеснаесетникот кога чуварите постојано го влечат. И потоа, тренерот (селектор на Ирска) се обидува да изврши притисок врз судијата, играч кој е многу силен паѓа на теренот со многу драма. Мислам дека снимката изгледа полошо од она што всушност го направи“, го правдаше Мартинез својот капитен.

Селекторот на Португалија дополнително го оправда потегот на својата ѕвезда.

„Беше тешко, тој се грижи за тимот, беше влечен и турнат многу пати, а кога се обиде да се оддалечи од играчот, направи потег кој, според мене, не беше толку лош како што покажуваат камерите. Ден пред натпреварот, нивниот тренер рече дека Роналдо се обидува да влијае на судиите, а потоа нивниот силен стопер заврши на земја во толку многу драма… Сега сакаме да го добиеме следниот натпревар поради Роналдо.“

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Мартинез го правда Роналдо за црвениот картон, виновен му е селекторот на Република Ирска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK