април 22, 2026

За време на концертот на раперот Давид Љубљеновиќ, попознат по прекарот Девито, што се одржа на 22 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопјe, пристигнале две закани за подметнати бомби.

Од полицијата соопштија дека во 20:51 и 21:17 часот, на линијата 112, биле примени повици за наводно подметнати експлозивни направи во спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа.

Полицијата реагирала веднаш, биле извршени сите проверки и било утврдено дека пријавите се лажни. Сè уште се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Салата не беше евакуирана за време на концертот.

Share

The post Две дојави за бомби на концертот на Девито во „Јане Сандански“ во Скопје appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK