септември 20, 2024

Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во ќуќа на улица „Пиринска” број 26 во Струмица.

Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.

-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Во моментот телото на загинатиот се уште не е извлечено, а екипи на ЈО Струмица и полицијата вршат увид на местото на пожарот.

The post Едно лице загина во пожар во Струмица appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK