април 21, 2026

Фудбалерите на Бетис победија како гости во градското дерби на Севилја (2:0), во натпреварот од 14-то коло на ЛаЛига.

Зелено-белите славеа за прв пат по речиси осум години на стадионот „Рамон Санчез Пижуан“.

Натпреварот беше обележан и со прекин на крајот, околу 15 минути, поради фрлање тврди предмети на теренот од страна на домашните навивачи.

Уште тогаш беше јасно дека Бетис ќе победи, па со тоа сега имаат 24 бода и го држат петтото место на табелата. Севилја продолжува со лоши резултати и ја зазема 13-та позиција со 16 бода.

Форналс ја искористи грешката на одбраната на Севилја во 54-та минута и ја затресе мрежата на Влаходимос.

Алтмира стави крај на натпреварот во 69-та минута, а црвениот картон за Ромеро во 84-та минута само им помогна на гостите да освојат три бода.

Share

The post (Видео) Севилја е зелено-бела – Бетис победи во „Дерби Севилјано“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK