април 21, 2026

Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна единица Велес била примена дојава за забележано безживотно тело во реката Вардар, во близина на селото Уланци.

Пожарникарите веднаш се упатиле кон местото на настанот.

Од ТППЕ Велес информираа дека е интервенирано со едно возило и двајца пожарникари-спасители. Безживотното тело било извлечено од реката и предадено на надлежните служби.

Јавната обвинителка од ОЈО Велес, Цветанка Богоевска, ја потврди информацијата и соопшти дека се преземени првични истражни мерки. Наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK