декември 5, 2025

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, спроведе кадровски промени во две значајни јавни претпријатија, назначувајќи нови вршители на должност директори во „Дрисла“ и „Градски паркинг“.

Во ЈП „Дрисла“ за нов в.д. директор е именуван Стевче Трпковски, поранешен градоначалник на општина Сопиште во три мандати. Тој ја презема функцијата од досегашниот директор Самир Хусени.

Во ЈП „Градски паркинг“ нов в.д. директор е Владимир Кроневски, кој доаѓа од коалицијата Демократски сојуз. Кроневски го заменува Мартин Гаврилски.

Новите кадровски решенија, како што наведуваат од Град Скопје, се дел од подготовките за поефикасно усогласување на раководните структури пред интензивирањето на претстојните урбани и комунални активности во главниот град.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK