декември 5, 2025

Скопје вечерва повторно се најде на врвот на светските листи за загаденост. Според податоците од меѓународната платформа за квалитет на воздух, главниот град на Македонија моментално е втор најзагаден град во Европа, веднаш по Сараево, додека на светската ранг-листа се наоѓа на 15. место.

Индексот на квалитет на воздухот (AQI) за Скопје вечерва изнесува 149, што го става во категоријата „нездрав за чувствителни групи“. На листата пред Скопје се наоѓаат градови како Дака, Колката, Делхи, Лахоре, Доха, Дубаи и други мегаполиси кои традиционално имаат сериозни проблеми со загадувањето.

Ова рангирање уште еднаш ја отвора темата за сериозноста на проблемот со аерозагадувањето во земјава, особено во зимскиот период кога загаденоста нагло расте поради греењето, зголемениот сообраќај и временските услови кои го спречуваат расчистувањето на воздухот.

Граѓаните и експертите продолжуваат да бараат итни мерки и долгорочни решенија, особено во делот на намалување на емисиите, контролата на индустриските капацитети и подобрување на урбанистичкото планирање.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK