Ќе се снима биографски филм за пејачот Џорџ Мајкл, а ќе го глуми актерот Тео Џејмс, пишува Дејли меил. Сценариото е во завршна фаза, пренесуваат американските медиуми.
Снимањето на филмот за Џорџ Мајкл било одобрено од неговото семејство откако го виделе колкав успехот постигнале биографските филмови за Елтон Џон и Фреди Меркјури. Филмот ќе ја следи кариерата на пејачот од групата Wham! на неговиот успех како соло уметник со хитови како Careless Whisper.
„Сценариото е во завршна фаза и продуцентите го бараат главниот актер. Најчесто споменувано име е Тео Џејмс, дека тој би бил совршен за улогата”, изјавил изворот.
Џејмс, како и Џорџ, има грчко потекло. Неговиот дедо Никос избегал од Атина во 1941 година. Џејмс се прослави со улогата во серијата White Lotus.
The post Ќе се снима филм за животот на Џорџ Мајкл, седум години по смртта на пејачот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде