април 21, 2026

Маж од Неготино е лишен од слобода поради сомнение дека присилил жена од Скопје на полови дејствија, ја снимал за време на чинот и потоа ја уценувал со видеоматеријалот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, уапсен е 29-годишниот Р.М. од Неготино. Тој бил приведен на 6 декември околу 01:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, откако 41-годишна скопјанка пријавила дека на 2 декември, во стан во Центар, ја присилил на полови дејствија и истовремено ја снимал со мобилен телефон.

По настанот, осомничениот ѝ упатувал закани и барал пари за да не го објави видеото на социјалните мрежи.

МВР информира дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK