октомври 5, 2024

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека смртоносниот напад на станбена зграда во централниот град Дњепар ја истакна потребата од побрзи и подобро координирани одлуки за испорака на оружје во Украина.

– Она што се случи во Дњепар покажува дека Русија подготвува нови обиди да преземе иницијатива во војната и покажува дека природата на воената акција на фронтот бара нови одлуки за набавка на оружје и нагласува колку е важно да се координираат сите напори и да се забрза донесувањето одлуки на коалицијата што ја брани Украина и слободата во Украина, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.

Зеленски информира дека најмалку 40 лица, меѓу кои три деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар.

Кремљ вчера негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар.

– Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK