септември 19, 2024

Тегла со џем го издала Пике дека ја изневерува бившата партнерка Шакира, пишуваат шпанските медиуми. Целата работа почнала кога се вратила од патување, па кога го отворила фрижидерот забележала дека некој ѝ пробал од џемот. Се посомневала во девојка затоа што Пике не ѝ го сакал џемот.

И во спотот во кој го исмеа, во една од сцените го отвори фрижидерот во кој е теглата со џем. На него се гледа главата на Ро Алехандро, пејачот со кого ја сними песната, а на прашање од новинарите што барала во фрижидерот, им одговорила дека сака да ја дознае вистината.

За потсетување, Шакира и Пике се разделија минатата година по 12 години брак. Се разделија откако го фати како ја изневерува со двојно помладата девојка од неа, Клара Чија Марта.

За да му врати сними песна во која го исмеа и му порача дека сменил „ролекс“ за „касио“ и „ферари“ за „твинго“. Тој потпиша договор со компанијата за часовници, а на работа дојде со автомобил „твинго“.

Пејачката ставила и кукла со вештерка на терасата да ја исплаши мајка му која живее до неа затоа што мисли дека криела од неа за Клара.

По разделбата двајцата ги замолија сите да ја почитуваат нивната приватност заради двете деца, а откако пукна аферата и Клара ги избриша фотографиите од социјалните мрежи.

The post Тегла со џем го издаде Пике дека ја изневерил Шакира, пејачката ја плашела мајка му со вештерка зашто ѝ криела за аферата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK