септември 19, 2024

Според вицепремиерот Артан Груби, ДУИ ги има најдобрите кадри во Македонија. Тоа тој го изјавил вчера на партиската средба во Гостивар додавајќи дека биле подобри од било кога.

– ДУИ и онака не е партија, тоа е дух кој ја наследува слободата, ОВК, ОВК на Прешево, на Косово, која потоа преку партиите се канализираше во институциите. Во ’98 година ни требаше сламка, во 2002 година ни требаше молив, знаење и глас. Секоја генерација имаше свој одговор. Започна со Охридскиот рамковен договор, продолжи со универзитетите, со стекнување на општини кои со години им беа ускратувани на Албанците. За таа битка ги имавме најдобрите воини, изјавил Груби, соопштија од ДУИ.

Според Груби имало време да се дојде на маса кога треба, се работело многу, се заокружиле сите барања од Охридскиот рамковен договор, се појавиле нови предизвици.

– Не можеме да ја оставиме земјата на судбината на анкетата објавена вчера во правец на Русија. Затоа, ДУИ, претседателот и сите ја дадоа довербата на соодветната генерација и успеавме, сега сме членки на НАТО, отворивме разговори и со ЕУ. И тогаш требаше една генерација, требаше кадарот на ДУИ, почнавме со правата на Албанците и интеграциите. Сега е време за инфраструктура, економија и развој. Во оваа година се најдоа релевантни луѓе да го продолжат патот и да се соочат со предизвиците, не сме исти како во 2002 година. Многу сум благодарен за сета доверба што кадрите на ДУИ им ја дадоа на граѓаните. Успешни беа во 2002 година, беа и подоцна и во 2022 година, изјавил Груби.

Тој истакнал дека министрите на ДУИ се 5 доктори на науки и еден докторанд.

– Но за ова не зборуваме отворено. ДУИ има повеќе доктори од СДСМ, ова го призна и Апасиев и Левица. Го кажавте ова „Подобри сме од било кога“, слушнав од вас, рече Груби.

The post Груби: ДУИ има повеќе доктори на науки од СДСМ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK