септември 19, 2024

Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите објави кратко прес службата по денешната седница на Владата.Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека Спасовски ќе биде разрешен.

Одлуката доаѓа по интервјуто кое Спасовски го имаше за „А1он“ а во кое компромитираше министри, призна дека замолчува затвореници, но и дека има дискриминирани затвореници како што е Гордана Јанкулоска.

Спасовски во интервјуто посочи и дека знаел за тоа дека командирот Срѓан Димитријески е осуден дека земал мито, но сепак оставил да биде командир во „Идризово“. Два дена по интервјуто, додека на смена беше Димитријески, избега затвореникот осуден за убиство и дрога, додека командирот е осомничен дека му го организирал бегството со други лица.

The post Разрешен директорот Спасовски appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK