април 20, 2026

Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.

Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.

Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.

Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.

Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.

Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.

Share

The post (Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK