Гордон Херберт ја напушти клупата на Баерн Минхен, објави клубот.
Тренерот роден во Канада и германскиот клуб, спогодбено се разделија. Разделбата дојде по серијата порази на Баерн во Евролигата, Баварците ги загубија последните осум натпревари.
Баварците никогаш немале толку долг период без триумф, што на крајот му пресуди на 66-годишниот Херберт, кој претходно светски првак со Германија.
Херберт го презеде Баерн на почетокот на минатата сезона и успеа да го одведе клубот до титулата во Бундеслигата и место во плејофот на Евролигата.
Сепак, со резултат од 5-12, тие во моментов на претпоследната позиција, а во петокот доживеаа дебакл во Монако со 103:77.
Foto/ shutterstock
The post Баерн спогодбено се раздели со Гордон Херберт appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
