април 19, 2026

Вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и меѓусебното почитување, како темели на едно инклузивно и заедничко општество.

– Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Ханука нè потсетува на значењето на слободата, верската толеранција и почитувањето на различностите и вредностите врз кои го градиме заедничкото општество. Им честитам на припадниците на еврејската заедница и посакувам празникот да донесе мир, здравје и светлина во секој дом, изјави Ѓорѓиевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK