април 19, 2026

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против П.П.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило. Тој, на 18.11.2025 година во 00,05 часот, кај месноста „Шуланска раскрсница” во близина на граничниот премин „Блато” кај Дебар, управувајќи возило „Волксваген Амарок” со дебарски регистарски ознаки, удрил во службено полициско моторно возило „Дачиа Дастер”, управувано од полицискиот службеник А.Ш. од Дебар.

Повредени лица нема, а од извршеното алкотестирање, кај П.П. констатирани биле 1,86 промили алкохол во крвта по што, веднаш е исклучен од сообраќај и лишен од слобода.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK