април 19, 2026

Министерството за внатрешни работи е институцијата со најголема доверба меѓу граѓаните кога станува збор за справување со корупцијата, покажува Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија за 2025 година, подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Според анализата, вкупната доверба во работата на МВР изнесува 50,3 отсто, што претставува значително зголемување во однос на 2023 година, кога довербата била 33,9 отсто. Овој пораст, како што се наведува, е јасен показател дека мерките за зголемена транспарентност, отчетност и професионалност во институцијата даваат конкретни резултати.

Дополнително, граѓаните бележат и намалување на перцепцијата за корупција меѓу полициските службеници, што укажува на подобрена институционална дисциплина и поефикасни механизми за спречување и санкционирање на коруптивни практики.

Во извештајот се посочува дека јавноста ги препознава МВР и Владата како институции со највисоко ниво на доверба во борбата против корупцијата, со што се зацврстува улогата на Министерството како кредибилен и клучен партнер во заштитата на законитоста и јавниот ред.

Од МВР истакнуваат дека овие позитивни трендови претставуваат дополнителен мотив за продолжување и интензивирање на реформите, како и на активностите за едукација, транспарентност и отчетност, со цел уште повеќе да се зајакне довербата на граѓаните во институцијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK