септември 20, 2024

Поради екстремно високи температури денеска се прекинати натпреварите од вториот ден на грен – слем турнирот Австралија опен во Мелбурн.

Во Мелбурн денеска се измерени 36 степени целзиусови, а топлиот ветер дополнително го отежна одигрувањето на тениските натпревари на „Мелбурн парк“.

Прекинати се десет натпревари на отворено, но дуелите кои се играат на затворено, на терените Род Лејвер, Маргарет Корт и Џон Кејн Арена, продолжија.

Организаторите соопштија дека прекинатите натпревари ќе продолжат околу 17 часот по локално време, кога временските услови ќе бидат подобри.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK