септември 20, 2024

Португалецот Кристијано Роналдо со капитенската лента ќе го предводи „Ол Стар“ тимот на Ријад, составен од фудбалери на саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал, на пријателскиот натпревар против француски ПСЖ, на 19 овој месец во Ријад, јавија синоќа локалните медиуми. 

Роналдо на крајот од минатата година потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, но, се уште нема дебитирано за саудискиот прволигаш. Неговото официјално деби е предвидено за 22 јануари на првенствениот натпревар против Ал Итифак. 

Три денови претходно Роналдо ќе биде капитен на заедничкиот тим составен од фудбалери од Ал Наср и Ал Хилал на пријателскиот натпревар против ПСЖ, кој ќе биде предводен од Лионел Меси. 

Средбата е закажана во рамки на турнејата на францускиот шампион во Катар и Саудиска Арабија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK