април 17, 2026

Џенифер Лопез им го честиташе Божиќ на своите обожаватели со фотографија на социјалните мрежи, но објавата предизвика неочекувана бура од коментари. Наместо празничната порака и дијамантскиот прстен, вниманието го привлече нејзиниот „ајфон“, кој на фотографијата изгледаше невообичаено закривен.

Фотографијата брзо собра повеќе од 1,6 милиони прегледи, а корисниците почнаа да се шегуваат дека телефонот „се претворил во банана“ или дека станува збор за преголемо уредување на фотографијата. Дел од коментарите беа насочени и кон „Епл“, со шеги дека новите модели наводно се виткаат.

Така, божиќната честитка на Лопез, наместо да шири празничен дух, се претвори во тема за иронични коментари и шеги на социјалните мрежи.

Фото: depositphotos

Share

The post Кога филтрите одат предалеку: телефонот на Џенифер Лопез се стопи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK