април 17, 2026

Пејачката настапи во Пожаревац со луксузно сако од „Валентино“, иако поради пех во последен момент мораше да облече фармерки.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на синоќешниот концерт во Пожаревац се појави во исклучително скап моден стајлинг, а вниманието го привлече нејзиното сако, чија вредност, според модни познавачи, изнесува дури 13.000 евра.

Непосредно пред излегувањето на бината, пејачката доживеала неочекуван пех – ѝ пукнале панталоните, поради што морала да ја промени планираната комбинација. Наместо тоа, таа облекла тексас фармерки позајмени од нејзина пријателка, што создаде необичен спој со луксузното сако.

Станува збор за впечатлив зелен модел од брендот „Валентино“, богато украсен со златни детали и реси, кој асоцира на висока мода и гламур од светските писти. Иако се работи за исклучително скапо модно парче, во комбинација со фармерките стајлингот делуваше изненадувачки опуштено. Чевлите и накитот што ги носеше, иако ненаметливи, исто така се од висока ценовна класа.

Со мало задоцнување, Цеца излезе пред публиката и им се обрати со искреност и хумор, откривајќи што се случило зад сцената. Таа изјави дека за малку ќе излезела да пее во тренерки, но во последен момент се снашла благодарение на пријателка, по што концертот продолжи во одлична атмосфера.

Share

The post Цеца на бината во екстремно скап стајлинг, само сакото вреди 13.000 евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK