септември 20, 2024

По налог на Градот Скопје, ЈП „Улици и патишта” целосно реконструираше спортски игралишта во парк шумата „Гази Баба”.

– Игралиштата за фудбал, ракомет и кошарка беа реконструирани првпат по неколку децении. Партерно се уредува и зазеленува теренот околу игралиштата. Истовремено, екипи на „Комунална хигиена” – Скопје, заедно со екипи на ЈП „Улици и патишта”, во заедничка акција подигнаа големи количини отпад и шут од парк шумата „Гази Баба”, а инспекторатот на Град Скопје активно делува во општината со цел санкционирање на загадувачи, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Како што се додава во соопштението, граѓаните кои живеат на овој дел од градот добиваат уште едно катче за спорт и рекреација.

The post Реконструирани три спортски игралишта во парк шумата „Гази Баба” appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK