Ренџерс го победија Селтик со 3:1 во денешното дерби на „Олд Фирм“ на „Селтик Парк“. „Полицајците“ ја продлабочија кризата на градскиот ривал и веројатно му го потпишаа отказот на нивниот менаџер Вилфред Нанси.
Со победата, Ренџерс се израмнија со второпласираниот Селтик со 38 бода, додека водечките Хартс имаат три бода повеќе и натпревар помалку.
Селтик поведе во 19-та минута со голот на Хјун-Џун Јанг и го задржа водството до крајот на полувремето. Сепак, Ренџерс го свртија резултатот со три гола. Младиот 21-годишен португалски напаѓач Јусеф Чермити израмни во 50-та минута, а девет минути подоцна ги доведе гостите во водство. Победата на Ренџерс ја потврди Мајки Мур во 71-та минута.
Македнскиот репрезентатвиц, Бојан Миовски, доби шанса в судиското надополнување на времето. На теренот влезе во 92-та минута и веднаш поради остар старт доби жолт картон.
За прв пат од октомври 2010 година, Селтик загуби домашен натпревар во кој водеше на полувреме. И тогаш загубија од Ренџерс со 3:1.
Ренџерс сега имаат 172 победи во меѓусебните дуели, една повеќе од нивниот најголем ривал, додека 106 натпревари завршија без победник.
The post (Видео) Ренџерс го доби „Олд Фирм“ дербито, Миовски експресно пожолте appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
