април 17, 2026

На 03.01.2026 година во 20:02 часот во СВР Скопје било пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден паднал 19-годишник од Скопје.

Според пријавата, младиот скопјанец бил на гости кај роднини заедно со мајка му, а при падот се здобил со тешки телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, лицето имало здравствени проблеми, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на околностите на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK