април 17, 2026

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен премин „Долно Блаце“, 60-годишниот Ќ.С. од Р.Косово, управувајќи патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, удрил во пешакот С.К.(25) од Скопје.

С.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, возачот Ќ.С. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK