април 17, 2026

Од Секторот за внатрешни работи – Велес информираа дека денеска бил лишен од слобода 51-годишник од село во демиракаписко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом и се заканувал на неговата 75-годишна мајка.

Полициски службеници од ОВР – Неготино, утрово во три часот го лишиле лицето од слобода. При преземање мерки, кај него биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта.

-Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, потенцираа од СВР – Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK