септември 20, 2024

Алтун присуствуваше на промоцијата на книгата и на церемонијата наречена „Програмата на Турција во векот на Турција“, и по тој повод зборуваше за достигнувањата на Турција во последните години.

Шефот на Канцеларијата за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, изјави дека Турција е станата моќна земја која произведува сопствено оружје, тенкови, хеликоптери, бродови и беспилотни летала и извезува милијарди долари во областа на одбранбената индустрија секоја година.

Алтун присуствуваше на промоцијата на книгата и на церемонијата наречена „Програмата на Турција во векот на Турција“, и по тој повод зборуваше за достигнувањата на Турција во последните години.

Тој говореше и за напорите што се вложуваат за тоа на меѓународен план, за државата да се користи брендираниот назив „Турција“

„Понатамошното зајакнување на брендот ‘Турција’ е несомнено една од нашите најважни цели. Во овој контекст, сметаме дека е исклучително важно користењето на името на нашата земја Турција да стане широко распространето на меѓународната сцена и ние работиме во таа насока“, рече Алтун.

Потсетувајќи дека оваа година се навршуваат 100 години од основањето на Република Турција, Алтун рече дека претседателот Реџеп Таип Ердоган презентирал важна и сеопфатна визија што го означува и почетокот на „Векот на Турција“.

Според неговите зборови, оваа визија во суштина е визија која Турција ја води во 2053 и 2071 година и ја третира Турција и како ефективна регионална сила и како глобален играч.

Алтун појасни дека едно од поглавјата на книгата е насловено „Турција во светот“.

„Во ова поглавје, покрај ефективната надворешна политика што нашата земја ја води како глобален актер, се истакнуваат и чекорите во индустријата, науката, технологијата, економијата, туризмот и културниот живот, како и услугите насочени кон граѓаните на нашата земја“, рече Алтун и продолжи:

„Турција направи значителен напредок во индустријата, која е еден од најважните елементи на економскиот развој и раст, благодарение на широкиот спектар на производи, силните меѓународни врски и напредната производствена индустрија, која производството го заснова на извозот. Исклучително важна улога во овој успех одиграа чекорите преземени во светлината на „националниот технолошки развој“, што е визија на турската индустрија. Турција сега стана моќен центар што произведува сопствено оружје, тенкови, хеликоптери, бродови и беспилотни летала и извезува милијарди долари во одбранбената индустрија секоја година.“

Тој посочи дека многу добро знаат дека успесите за кои станува збор ги вознемируваат „оние кои се против Турција“.

„Можеме да ја разбереме непријатноста на противниците на Турција и непријателството кон Турција на меѓународната сцена. Затоа што тие многу добро знаат дека „Големата и моќна Турција“ е пречка за нивните злонамерни меѓународни проекти“, рече Алтун.

„Она што е тешко да се разбере“, додаде тој, „е дека на некои луѓе кои велат дека се вклучени во политиката во Турција не им се допаѓа напредокот на земјата во одбранбената индустрија.“

„Горди сме на нашата одбранбена индустрија заедно со нашите домашни претприемачи кои даваат вреден придонес на ова поле. Не обрнуваме внимание на заканите иако гледаме дека одвреме-навреме ни се упатуваат јасни и имплицитни закани. Не обрнуваме внимание на тоа, сакаме и тоа да се знае“, рече Алтун.

Тој на крајот додаде дека со книгата што е презентирана денеска се сака да се раскаже вистинската приказна за Турција и да се зајакне турскиот бренд „Турција“.

„Вложивме многу труд. Горди сме на овој проект што го реализираа многу мои колеги, во чија работа придонесоа многу институции и организации. Ова дело, кое веруваме дека ќе биде меѓу значајните дела за промоција на Турција, во првата фаза ќе биде објавено на турски и англиски јазик, а наскоро ќе бидат објавени и арапски, француски, германски и руски преводи“, заклучи Алтун.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK