април 20, 2026

Орце Ѓорѓиевски информираше дека е започнато површинско чистење на депонијата Вардариште. Тој на својот фејсбук профил истакна дека депонијата ќе замине во историјата.

– Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот! – напиша градоначалникот на својот фејсбук профил, каде што сподели и видео.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK