септември 21, 2024

Актуелниот калчолигашки лидер Наполи доживеа неочекуван шок и тоа на својот стадион „Диего Марадона“, откако Кремонезе после пенал-рулет ги елиминираше наполитанците во осминафиналето на Купот на Италија со победата со 5-4 после ремито 2-2 по 120 минути игра.

Кремонезе му го расипа големиот ден на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, кој првпат беше капитен на Наполи на официјален меч (летоска првпат ја имаше капитенската лента на пријателска средба со Јуве Стабија) и со 23 години е најмлад капитен по Лоренцо Инсиње (иста возраст) кој на меч на Наполи ја носел капитенската лента.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK