април 20, 2026

Лидерот во шпанската Примера, Барселона, го забележа третиот пораз во првенството. Во Сан Себастијан, во рамките на 20-то коло, Реал Сосиедад ја победи Барселона со 2:1.

Барселона на „Реале арена“, налета на мотивиран противник, чии гол го бранеше одличниот Алекс Ремиро и „против себе“ го имаше ВАР. Два гола и беа поништени на Барселона поради офсајд во првиот дел.

Сосиедад знаеше да казни, во 32-та минута, по асистенција на поранешниот играч на Барселона, Гонзало Гедеш, Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Џоан Гарсија.

Израмнувањето дојде во 70-та минута, кога Маркус Рашфорд, по додавање од Дани Олмо успеа да го совлада Ремиро.

Но, радоста на навивачите на Барселона не траеше долго. Само минута подоцна, Гедеш успеа да постигне гол за 2:1.

Како што се очекуваше, Барселона ја имаше иницијативата до крајот на натпреварот, но обидите на Рашфорд и Јамал не го најдоа патот до мрежата на Сосиедад. Домашниот тим од 88-та минута играше со играч помалку, бидејќи поради остар старт, Карлос Солер доби црвен картон.

По 20 рунди во првенството Барселона има само бод повеќе од Реал, додека Сосиедад стигна до осмото место со 24 бода.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Барселона падна во Сан Себастијан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK