април 21, 2026

Граѓани денеска повторно излегоа на марш барајќи заштита на здравјето и животната средина. Со пораки како „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксуз, тоа е право“ и „Стоп за загадувањето“, демонстрантите порачаа дека економските интереси не смеат да бидат поважни од здравјето на луѓето.

Маршот започна во 12 часот од пред Владата, по што учесниците се упатија кон Собранието, а потоа продолжија пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тие нагласија дека институциите имаат обврска да постапуваат во интерес на граѓаните и дека прашањата поврзани со загадувањето и заштитата на јавното здравје бараат итни и конкретни мерки.

Фото: Марио Андоновски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK