септември 20, 2024

Почина најстарата личност во светот, 118-годишната калуѓерка Андре. Таа починала во пензионерки дом во францускиот град Тулон.

Во април 2022 година, Геронтолошката истражувачка група ја прогласи Лусил Рандон или сестра Андре за најстарата личност во светот, по смртта на тогаш 119-годишната Јапонка, Кана Танака.

Сестра Андре е родена на 11 февруари 1904 година, а во текот на 2022 година била позитивна, но и го преживеала коронавирусот.

„Велат дека работата убива, но работата ми помогна да живеам цело време. Работев до 108 години”, изјави сестра Андре во интервју за медиумите минатата година кога официјално беше прогласена за најстарата личност на светот.

The post На 118 години почина калуѓерката Андре, најстарата личност во светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK