септември 20, 2024

Премиерот Димитар Ковачески утре на одбележувањето на верскиот празник Водици ќе присуствува во Охрид.

Според нашите информации, агендата предвидува Премиерот да присуствува на богослужба во црквата Света Богородица Каменско, а потоа да присуствува и на осветувањето на водите на Охридско Езеро и фрлањето на крстот на градското пристаниште. Поради тоа, како што дознаваме, се планирани специјални мерки за обезбедување.

Во СВР Охрид вчера се одржал состанок со претставници на Петтата управа, на која биле изнесени детали околу тоа какви мерки за безбедност ќе се спроведуваат при посетата на Ковачески и неговиот престој во црквата и пристаништето.

Неофицијално дознаваме дека ќе присуствувале над 40 луѓе од полициските структури, а ќе имало и снајперисти по кровови.

Какви мерки на безбедност се планира да се превземат граѓаните ќе видат утре.

The post Специјално обезбедување за Ковачевски на градското пристаниште во Охрид за празникот Водици appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK