април 22, 2026

Манчестер Сити го победи Фулам со 3:0, во 26-то коло од Премиер лигата и со тоа го задржа притисокот врз водечкиот Арсенал. Лидерот има три бода повеќе и натпревар помалку од Сити. Стрелци за победата беа Антоан Семењо, Нико О’Рајли и Ерлинг Халанд.

По натпреварот, Хозеп Гвардиола му се поклони на играчот што го замени во 60-та минута.

„Бернардо Силва е незаменлив. Кога не е во тимот, мора да играме поинаков систем. Едноставно не можеме без него. Тој е незаменлив.“

Португалскиот офанзивен играч за врска (31) игра лево во средината на теренот во системот 4-3-3 и е капитен на тимот.

Од 26 лигашки натпревари оваа сезона, Бернардо одигра 22 како стартер, додека влезе од клупата во четири. Во Лигата на шампионите, од осум натпревари, играше од стартот во пет.

Манчестер Сити го купи во летото 2017 година од Монако за 50 милиони евра. Тој одигра 442 натпревари за Сити со учинок од 74 гола и 78 асистенции. Освои шест титули во Англија, една Лига на шампиони, два ФА Купа и четири Лига Купа.

Foto/ depositphotos

Share

The post Гвардиола откри кој играч е незаменлив во тимот на Манчестер Сити appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK