април 22, 2026

Коски слични на човечки биле пронајдени вчера попладне на место викано „Сулејманови ливади“ во селото Горно Количани, скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во 16:49 часот во СВР Скопје, по што на терен излегла полициска екипа која извршила увид. Во непосредна близина на пронајдените коски била најдена и облека, што дополнително ќе биде предмет на понатамошна анализа.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK