април 22, 2026

Интер го победи Јувентус со 3:2 во Милано во спектакуларното дерби на Италија. Натпреварот беше засенет од исклучувањето на Пјер Калулу и бурните реакции на гостите по натпреварот.

Интер и Јувентус приредија уште еден возбудлив судир, а победата ја извојува домашниот тим од Милано (3:2), со голот на Пјотр Зјелински во 90-та минута.

Клучниот момент се случи во 42-та минута кога судијата Федерико Ла Пења му покажа црвен картон (втор жолт), на Пјер Калулу по дуелот со Алесандро Бастони, кој падна по минимален контакт. Одлуката предизвика огромно незадоволство кај „бјанконерите“.

По завршувањето на натпреварот, се случи инцидент, генералниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, се упати кон судијата, додека тренерот, Лучијано Спалети, дури и не се појави пред прес-конференцијата.

На негово место, на конференцијата присуствуваа Комоли и директорот на клубот Џорџо Кјелини, кои побараа оставка од претседателот на судиската комисија на Серија А, Џанлука Роки, оценувајќи го судењето како „неприфатливо и срамно“.

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, од друга страна, верува дека одлуката е исправно донесена.

„Беше мал контакт, но сепак контакт. Мојот играч го почувствува допирот додека трчаше со полна брзина. Калулу е искусен и сигурно знаел да ги држи рацете блиску до телото во такви ситуации. Да имав жолт картон, немаше да ги ставам рацете врз противникот, особено при контранапад“, рече Киву.

Навивачите на Јувентус, сепак, остануваат убедени дека одлуката на судијата решително влијаела на исходот од дербито.

Share

The post (Видео) Драма по дербито на Италија – Од Јувентус побараа оставки appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK