април 22, 2026

Фудбалерите на Рајо Ваљекано го победија Атлетико со 3:0 во малото мадридско дерби кое се играше во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.

Овој дуел се случи по само три дена откако Атлетико го прикажа најдобриот натпревар во сезоната и ја декласираше Барселона со 4:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј. Тренерот Диего Чоло Симеоне одлучи да го промени речиси целиот состав што го одигра тој натпревар и веројатно да ги одмори главните играчи за среда и пресметката со Клуб Бриж во Лигата на шампионите.

Експериментот се покажа како неуспешен, бидејќи Рајо по 13 години успеа да го победи Атлетико.

Номиналните домаќини, кои привремено се преселија на стадионот на Леганес поради проблеми на нивниот стадион, одиграа совршено прво полувреме и го решија прашањето за победникот во неговиот финиш.

Во 40-та минута Руџери заспа во одбраната, Ратсиу лесно го помина, нафрлии поземја, а Фран Перез лесно ја затресе мрежата на Јан Облак од седум метри. Пет минути подоцна, кикс на Ленгле, лошо додаде во опсната зона, Облак го одбрани ударот на Паласон, но на одбената топка налета Оскар Валентин и постигна гол од два метра, за 2:0.

Симеоне започна да прави измени кога беше јасно дека Атлетико нема шанси да направи пресврт. Менуваше играчи, ја смени и формацијата, но не доби ништо во нападот. Дефанзивецот Менди во 77-та минута го постави конечниот резултат, 3:0.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Шлаканица за Атлетико во малото мадридско дерби – Рајо Ваљекано по 13 години ги победи „јорганџиите“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK