април 23, 2026

Репрезентативецот на Нов Зеланд, Финли Мелвил Ивс, главен фаворит во дисциплината скијање во слободен стил, беше изнесен од снегот на носилка во петокот по тежок пад за време на неговиот втор настап во квалификациите на ЗОИ во Милано и Кортина.

Младиот, 19-годишен Ивс, светски шампион во 2025 година, веднаш доби лекарска помош, откако го промаши слетувањето, силно удри на земјата и остана без скиите и стаповите.

Натпреварот беше прекинат неколку минути, пред спортистот да биде изнесен од патеката.

Претходниот ден, Канаѓанката, Кејси Шарп исто така доби медицинска помош по спектакуларниот пад за време на квалификациите за жени.

Двократната олимписка шампионска сега е во стабилна состојба, објави Канадската скијачка асоцијација.

Foto/ X

Share

The post (Видео) Тежок пад на малдиот Новозеланѓанец во квалификациите во халфпајп appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK