април 23, 2026

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека денеска корисниците од село Драчево во општина Кисела Вода ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа.

Како што соопштуваат од претпријатието, ќе се изведува замена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“, во близина на мостот, поради што водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па сè до завршување на санацијата на дефектот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK