април 23, 2026

По виралното видео на социјалните мрежи каде напуштено мајмунче од зоолошка градина во Јапонија се поврза со плишана играчка, денес и мајмунче во скопската зоолошка доби таков подарок.

Младата мајмунка од расата гибон по име Делфина исто така доби подарок плишана играчка.

„Се сеќавате ли на приказната за малото мајмунче гибонче кое пред четири години беше отфрлено од својата мајка и падна во езеро? Делфина по спасувањето на нејзиниот живот беше одгледана од нејзината зоонегувателка Зера која целото свое работно, но и слободно време 24/7 го посвети на оваа наша мала убавица.

Сега заедно со своето помало братче Мики се адапатираат на самостоен живот, а Скопје ЗОО е една од ретките институции во светот која успеа во намерата да ги спои и адаптира овие две гибончиња.

Многу од нашите посетители се восхитуваат на приказната за овие две мали гибончиња, на посветеноста и пожртвуваноста на Зера, но и помошта од другите вработени во грижата за овие човеколики мајмуни, па така и оваа играчка е подарок од наша редовна посетителка.Секако Мики и Делфина редовно изминатиот период добиваа подароци и играчки и од нашиот тим“ се вели во објавата на ЗОО Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK