септември 20, 2024

Денес се навршуваат 193 години од раѓањето на Григор С. Прличев – еден од најзначајните претставници на македонскиот книжевен XIX век. Неговото творештво го претставуваме и пред новите генерации странски македонисти, објави на својот фејсбук профил Семинарот за македонски јазик.

Најпознатото дело на Прличев, поемата „Сердарот“ (1860), заради која е наречен „втор Хомер“.

Драмска аудио изведба во продукција на Македонското радио (тогаш: Радио Скопје). Улогите ги толкуваат легендите на македонскиот театар: Илија Милчин, Нада Гешоска, Вукан Диневски, Милица Стојанова, Душко Костовски, Димитар Костов и Владимир Светиев.

Прличевата „Автобиографија“ (последното дело на Прличев, напишано во 1884/85 година), достапна и како аудио книга.

Предговорот на основоположникот на современата македонска книжевна критика, Димитар Митрев, кон изданието на „Сердарот“ и „Автобиографија“ објавено во 1953 година, по повод 60-годишнината од упокојувањето на Прличев.

Уредник: великанот Ацо Шопов, во чијашто чест ќе биде Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ со која ќе започне чествувањето на 100-годишнината од неговото раѓање.

Учителот“ (1980) – биографски телевизиски филм за Прличев, по сценарио на Русомир Богдановски и во режија на Васил К. Ќортошев, со актерот Ацо Јовановски во улогата на Григор Прличев

Прличевата „Автобиографија“ како аудио книга е објавена од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид.

Дигитализираната верзија на предговорот на Димитар Митрев кон изданието на „Сердарот“ и „Автобиографија“ на Прличев објавено пред 70 години е дел од дигиталната библиотека на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје

The post Денес се навршуваат 193 години од раѓањето на Григор Прличев appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK