септември 20, 2024

На граничниот премин „Блато” на албанско-македонската граница кај Дебар,  полицијата уапсила албански државјанин при обид да шверцува гориво-нафта.

Станува збор за К.Б.(34) кој во автомобил „audi Q7″ имал натоварено поголема количина дизел, што го набавил во Дебар.

Полициските службеници при извршена контрола во возилото управувано од 34-годишникот пронајдоа поголема количина шверцувана нафта, која како материјален доказ е одземена. По извршени процесни дејствија за овој случај,  лишен е од слобода државјанин К.Б. 34 години, за сторено кривично дело „криумчарење стока за која се плаќа акциза”, за кое ќе одговара пред судот во Пешкопеја.

Поради пониската цена и подобриот квалитет на горивата, голем број граѓани од пограничните албански населени места редовно набавуваат гориво, пред се нафта во Дебар. Литар нафта во Албанија е околу 110 денари.

Бидејќи на бензинските пумпи во Дебар се точи гориво единствено во возила, албанските граѓани полнат цели резервоари и надвор од градот ги префрлаат во пластични или други боци, па повторно се враќаат да ги наполнат резервоарите. Оваа постапка ја повторуваат неколкупати.

The post Албанската полиција на преминот „Блато” спречила шверц на нафта appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK