Ракометарите на Охрид, го дознаа името на противникот во Европскиот куп на ЕХФ. Ждрепката во Виена на охриѓани им го додели Олимпијакос.
Охрид првиот меч ќе го игра на гостински терен во Пиреја, реваншот е во салата „Билјанини извори“.
Доколку Охрид го мине четвртфиналето, за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Целје и Бузау.
На другата страна од костурот, кога се во прашање четвртфиналните двојки се: Татабања – Нилуфер и Извиѓач – Карвина.
За потсетување минатата сезона титулата во Европскиот куп на ЕХФ ја освои Алкалоид.
The post Охрид против Олимпијакос во четвртфиналето на Европскиот куп appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
