септември 20, 2024

Делегација од Европска унија, составена од 21 амбасадор на држави членки на ЕУ, а предводена од шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Дејвид Гир, беше во посета на Охрид со цел запознавање со тековните и идни проекти кои би можеле да бидат поддржани од нивна страна.

Меѓу другото, градоначалникот Кирил Пецаков пред високите гости обелодени дека компанија од Европската Унија ќе инвестира во Охрид.

Во делот на заштитата на Охридското Езеро со гордост можам да кажам дека како градоначалник и како Локална самоуправа ги поминавме сите преговори со компанија која потекнува од земја членка на ЕУ, а ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија, електрични мотори и мотори на сончева енергија наменети за пловните објекти. Со реализација на инвестицијата ја започнуваме и наредната фаза, а тоа е постепена промена на моторите од веќе постоечките пловни објекти во Охридското Езеро со овие нови и незагадувачки мотори, рече градоначалникот на Охрид.

The post Градоначалникот Пецаков: Компанија од ЕУ ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија, електрични мотори и мотори на сончева енергија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK