април 23, 2026

Канадската инфлуенсерка Спенсер Барбоса се смета за една од највлијателните личности на социјалните медиуми. Таа често прикажува реалистична слика за животот на социјалните медиуми, што вклучува објавување фотографии и видеа без филтри и дополнително разубавување.

Таа исто така се залага за идејата за прикажување реалистична слика за женското тело, прифаќање на сопствениот изглед и често зборува за самодовербата.

Сега објави серија фотографии под наслов „Селфиња што никој не ги споделува на социјалните медиуми (освен мене)“ и со тоа го привлече вниманието на обичниот свет.

Станува збор за компилација од фотографии на кои се гледа нејзиното лице без трага од шминка и во опуштен изглед. Без позирање, со разбушавена коса и маска за убавина на лицето, Спенсер уште еднаш покажа колку може да биде лажен животот на социјалните медиуми.

Нејзините реалистични фотографии предизвикаа лавина од коментари, а многумина беа воодушевени од нејзиниот потфат.

„Те сакаме Спенсер“, „Ова е толку точно“, „И затоа сите те сакаме“, се само дел од коментарите…

Share

The post (Фото) Објави „селфиња што никој не ги споделува на социјалните мрежи“ и предизвика лавина од коментари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK