септември 20, 2024

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа за првпат ја носеше капитенската лента на Наполи и стана вториот најмлад капитен во историјата на клубот. Тој ја доби капитенската лента на 23 години. Помлад од него единствено е легендарниот Лоренцо Инсиње, кој исто така имаше 23 години кога првпат ја носеше капитенската лента на Наполи, но беше неколку месеци помлад од Елмас.

Наполи вчера играше против Кремонезе во купот на Италија, но беше елиминиран на пенали. Елмас беше повлечен од игра во 85.минута, а само две минути подоцна Кремонезе го постигна вториот гол за израмнување на 2:2. По ова се играа продолженија, во кои немаше голови и на крајот се изведуваа пенали.


The post Елмас стана вториот најмлад капитен во историјата на Наполи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK