април 19, 2026

Миланската модна недела собра многу познати ѕвезди. Вниманието на јавноста го привлече и легендарната Кејт Мос, која се врати на модната писта.

Британската манекенка носеше ревија на Гучи, а за пригодата донесе ризично парче облека. Станува збор за тесен фустан со долги ракави што ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура.

Сепак, ѕвездата на оваа креација беше отворениот грб, што беше и нејзин контроверзен дел. Фустанот го откри грбот на Кејт и танга гаќичките со впечатливо лого на куќата.

Покрај тоа, таа го покажа своето легендарно одење кое ја краси од почетокот на нејзината манекенска кариера. Јавноста во првите редови остана без здив кога Кејт ја покажа целата своја грациозност.

Share

The post (Видео) Кејт Мос го покажа сексапилот на моделите од 90-тите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK